ОУТУ Ванчо Питошески

ОУТУ Ванчо Питошески

вторник, 3 мај 2011

Награди и Признанија

На 18.01.2011 во "ОУТУ Ванчо Питошески" беше одржан натпревар во следните дисциплини: готвење, фламбирање, поставување на маса, припремање барски мешавини (бармен) и презентација на туристичка дестинација. Се натпреваруваа ученици од повеќе градови низ Македонија: Гевгелија, Скопје, Охрид, Македонски Брод, Тетово и Прилеп. Учесниците од нашето училиште се закитија со голем број награди во следните дисциплини:

  • Димитар Чадоски - Прво место во дисциплината "Припремање барски мешавини (бармен)"
  • Готвачи - Прво место во дисциплината "Готвење"
  • Милчо Кироски - Второ место во дисциплината "Презентација на туристичка дестинација" 
  • Емир Усеин и Климентина Чавкоска - Второ место во дисциплината "Поставување на маса"
  • Тане Милески - Трето место во дисциплината "Фламбирање"

петок, 25 февруари 2011

Наставен Кадар

Директор:
  • Весела Темјаноска

Секретар:
  • Душко Јаковчески

Професори по Македонски Јазик:
  • Мирјана Зафироска
  • Перчо Божиноски
  • Никола Николоски

Професори по Математика:
  • Никола Илиев
  • Весна Димоска

Професори по Информатика:
  • Елизабета Левевска

Професори по Англиски Јазик:
  • Весна Ангеловска
  • Ирина Новевска
  • Мира Петреска

Професори по Германски Јазик:
  • Анита Богданоска

Професори по Музичко:
  • Горан Папазоски

Профескори по Ангециско Работење:
  • Елена Митреска

Професори по Економика:
·         Лазе Дуноски

Професори по Бизнис:
  • Војданка Димитриеска

Професори по Маркетинг:
  • Војданка Димитриеска

Професори по Историја:
  • Ноче Угриноски
  • Секула Баткоски
Професори по Географија:
  • Маријан Радески

Професори по Култура на однесување:
  • Марија Ристеска

Професори по Основи на угостителството:
  • Зоран Наневски
  • Александар Котевски

Професори по Хотелско:
  • Раде Мијајлески

Професори по Културно-Историско наследство:
  • Сузана Вељановска

Професори по Хигиена:
  • Костадинка Томаноска

среда, 1 декември 2010

Зошто нашето училиште би било Ваш избор?

  • Туризмот е приоритетна стопанска гранка во развојот на општината и поширокиот регион.
  • Учениците стручно се оспособуваат успешно да се вклучат во угостителско-туристичката дејност.
  • Можност за вработување и отворање на сопствени бизниси.
  • Теоријата се преточува во пракса.
  • Има разбирање, толеранција и другарство.
  • Учество на многу републички и меѓународни натпревари.
  • Остварува резултати кои обврзуваат и поттикнуваат.
  • Има најубава локација во градот.

                                                         НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС!

Награди и Признанија

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освоија голем број награди и признанија во рамки на Меѓународниот натпревар на средните угостителско – туристички училишта од БиХ, Црна Гора и Македонија.

Во категоријата презентација на туристичка дестинација, ученикот Милчо Кироски освои златен медал. Во категоријата Припремање на барски мешавини (коктели) ученикот Димитар Чадоски освои сребрен медал. Сребрените медали отидоа во рацете на Ариф Камбароски  за аранжирање на изложбена маса и Александра Пероска во категоријата солени експонати. За слатките експонати Марија Ушкор освои бронзен медал.

На меѓународниот натпревар учетвуваа ученици од 16 средни училишта. Од Република Македонија свое учество имаа четири средни угостителски училишта од Скопје, Гевгелија, Штип и Охрид.

сабота, 13 ноември 2010

ОУТУ Ванчо Питошески - Охрид

Покрај самиот кеј, веднаш до Факултетот за туризам и угостителство се наоѓа
Општинското угостителско туристичко училиште "Ванчо Питошески". Училиштето има добро уреден ентериер и екстериер и добри услови за работа. Наставата е современа, по нови наставни програми и методи.
Во училиштето се работи на многу проекти и секции:
     • црвен крст
     • екологија
     • информатичка секција
Училиштето располага со стручно опремени кабинети по теоретска и практична настава по:
     • информатика
     • рецепција
     • послужување
     • готварство